понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Култура

Kонцерт на Филхармонија по повод годишината од смртта на Делчев со дигирент од Бугарија

Kонцерт на Филхармонија по повод годишината од смртта на Делчев со дигирент од Бугарија

Филхармонија в четврток, на 6 мај 2021, ќе одржи концерт со кој ќе ја одбележи годишината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

На програмата се дела од Григ, Хендл, Маскањи, Моцарт, Сибелиус, Вагнер, Офенбах и Бизе. Како солистки се настапат Илина Митревска и Десислава Тодорова.

-Диригент е Христо Христов, Бугарија кој досега имал четири настапи со оркестарот на Филхармонија. Последен пат, по истиот повод, на 04 мај 2019 г. Христо Христов е диригент чиј музички талент доаѓа до израз уште на 12 години, кога ја добива првата награда по пијано на Националниот музички конкурс во Чирпан. Дипломирал на бугарската национална музичка академија и се дообразувал по оркестарско диригирање кај проф. Карл Остерајхер (Австрија), проф. Курт Зандерлинг (Германија) и проф.Илја Мусин (Русија), информираат од Филхармонија.

Лауреат е на меѓународните конкурси за диригенти: „Јехуди Менухин“ – 1989, „Прашка пролет“ – 1990, „Игор Стравински“ – 1991 година.

Член е на повеќе интернационални жирија, а од 2021 година е претседател на Меѓународната фондација за соработка и културен натпревар, која го носи името на неговиот предок, Гоце Делчев .