понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фонсека ќе ја напушти Рома по завршување на сезоната

Фонсека ќе ја напушти Рома по завршување на сезоната

Тренерот Пауло Фонсека ќе си замине од Рома по крајот на сезоната 2020/21. Клубот од Рим ја потврди оваа информација преку соопштение.

– Во име на сите во Рома, би сакале да му се заблагодариме на Пауло Фонсека за напорната работа и лидерството покажано во текот на овие две години. Пауло го водеше тимот низ низа предизвици, вклучувајќи ја пандемијата „Ковид-19“ и промената на сопственоста, и тоа го стори со дарежливост, правичност и одлучност. Му посакуваме се најдобро во неговите идни ангажмани, изјави Дан Фридкин, претседател на УО на клубот.

Во италијанските медиуми се појавија шпекулации дека Маурицио Сари ќе го замени Португалецот на тренерската позиција.