Пласманот на Анадолу Ефес на фајналфор турнирот од Евролигата придонесе да бидат финиширани и преговорите за нов договор со тренерот на оваа екипа Ергин Атаман.
Турскиот стратег важи за најзаслужен за одличните резултати на екипата во последните две сезони, преговорите за продолжување на соработката траеја подолго време, но по победата во мајсторката со Реал Мадрид челниците ги прифатија условите што ги бараше Атаман и беше потпишан двогодишен договор за соработка.
Ергин Атаман се врати назад во Анадолу Ефес во 2017 година и го предводеше тимот до титулата во турското првенство во 2019 година.