недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Косовски државјани ќе одговараат за тешка кражба во Скопје

Косовски државјани ќе одговараат за тешка кражба во Скопје

Обвинителен предлог против двајца државјани на Косово поднесе Основното јавно обвинителство Скопје, за кривично дело – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Како соизвршители, двајцата косовски државјани на возраст од 37 и 41 година, обвинетите влегле на територијата на државава преку граничниот премин Блаце на 19 април, по што со автомобилот се паркирале на паркинг простор пред маркет на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.

Излегле од возилото и забележале како еден оштетен го паркира својот автомобил Ауди А6 на истиот паркинг. Кога оштетениот го заклучувал неговото возило со далечински управувач, еден од обвинетите со пресретнувач го блокирал сигналот на уредот за електронско заклучување.

Откако сопственикот се оддалечил, обвинетите го отвориле возилото и од преградата одзеле нов неупотребен мобилен телефон во кутија, вреден 90.000 денари. Потоа истиот ден ја напуштиле територијата на Република Македонија.​​