понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Дејан Станковиќ го продолжи договорот со српскиот шампион до 2024 година

Дејан Станковиќ го продолжи договорот со српскиот шампион до 2024 година

Српскиот фудбалски шампион Црвена ѕвезда го продолжи договорот со шефот на стручниот штаб Дејан Станковиќ за уште три години, па соработката е продолжена до 2024 година.

Станковиќ како тренер работи во Ѕвезда од декември 2019 година, освои две титули шампион на Србија, имаше „европска пролет“, а за една недела може да го освои и Купот.

Од 63 меча, оствари 50 победи, и само четири порази.Од клубот објавија и дека по повод четвртата титула по ред, прославата на 22-ри мај ќе ја прават на река, на посебен брод кој ќе плови по реката Сава. Тоа се најавува како своевиден бал на вода, со визуелни ефекти, а навивачите ќе може да гледаат од брегот крај Сава.