петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Пратениците на ДПС го напуштија приемот по повод Денот на независноста на Црна Гора поради срамниот говор на премиерот Кривокапиќ

Пратениците на ДПС го напуштија приемот по повод Денот на независноста на Црна Гора поради срамниот говор на премиерот Кривокапиќ

Пратениците на Демократската партија на социјалистите на Црна Гора синоќа го напуштија приемот по повод Денот на независноста на Црна Гора поради, како што велат, срамниот говор на премиерот Здравко Кривокапиќ.

Шефот на пратеничкиот клуб на ДПС, Даниел Живковиќ на Твитер напиша дека „Кривокапиќ покажал колку е недораснат за државничка функција“.

„На безобзирен начин да се навредуваат луѓето кои ја донесоа државноста и независноста на Црна Гора може само невоспитан човек и човек кој работел се нашата држава никогаш да не стане независна и суверена “, напиша Живковиќ.

На синоќешниот прием во вила Горица, Кривокапиќ кажа дека периодот од обновување на независноста до конечна промена на владата е обележан со знакот на еднаквост меѓу независноста и приватноста.

-Независноста мораше да резултира со поголемо единство, интеграција на сите нејзини граѓани, хармонија, грижа еден за друг, негување на оригиналните вредности на нашите предци, зајакнување на граѓанската свест, вистинска демократија, јасна визија, просветлување на сите нас, просперитет, социјална правда, беззаконие, со почитување на политичките ривали и покревање на политичката култура, посочи Кривокапиќ во говорот на приемот.

Тој оцени дека место тоа имало постојани поделби кои создаваа единствено неизвесност и дека црногорската реалност се до промената на владата беше свртена кон минатото и измислените непријатели.

Кривокапиќ посочи дека денеска се создава држава која е свртена кон сите свои граѓани. (МИА)