понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Мемфис по продолжение избори плејоф на Западот

Мемфис по продолжение избори плејоф на Западот

Кошаркарите на Мемфис го победија синоќа на гости по продолжение Голден Стејт со 117:112 и со тоа изборија место кое води во доигрувањето во Западната конференција во НБА лигата.

Морант беше играч на натпреварот со 35 поени, од кои пет тројки, за екипата на Мемфис, која влезе во жрепката за плејофот на Западот како осмопласирана. Првиот натпревар Мемфис ќе го игра в недела против првопласираната Јута.

Сезоната заврши за Голден Стејт, кои ги загубија двата едноподруго натпревари во новиот плејин формат, вклучувајќи го и поразот од Лос Анџелес лејкерс 100:103 во средата. (МИА)