понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тоа е прилика која се добива еднаш во животот- пејачката со балкански корени ќе пее на финалето во ЛШ (ФОТО)

Тоа е прилика која се добива еднаш во животот- пејачката со балкански корени ќе пее на финалето во ЛШ (ФОТО)

Популарната британска пејачка Дуа Липа ќе пее на големото финале во Лигата на шампионите што ќе се одржи на 26 мај во Киев.

Албанката Липа е со потекло од Косово и е родена во 1995-та година во Лондон, но никогаш не ги прекина своите односи со родното Косово, дури пееше и на прославата на непризнатата јужна српска покраина.

-Почестена сум што добив покана да настапувам на финалето во ЛШ. Тоа е прилика која се добива еднаш во животот. Не можам да дочекам да запеам пред навивачите и да бидам дел од тој спектакл, вели Липа.

Во финалето инаку ќе играат Реал Мадрид и Ливерпул, а мечот ќе го суди српскиот судија Милорад Мажиќ.