петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Израел најавува препорака за вакцинација на децата од 12 до 15 годишна возраст

Израел најавува препорака за вакцинација на децата од 12 до 15 годишна возраст

Израел идната недела ќе ги објави своите анализите за случаите на воспалување на срцевиот мускул кај лица кои примиле вакцина против Ковид-19. Дури потоа земјата ќе одлучи дали ќе одобри вакцинација на деца на возрас меѓу 12 до 15 години, изјавила шефот за јавно здравство при Министерството за здравство, Шерон Алрој-Преис.

Министерството во април соопшти дека испитува мал број на вакви случаи меѓу вакцинирани со вакцината на Фајзер/БиоНтек. Американскиот центар за контрола на болести на почеток од месецов дадоа слично соопштение.

-Конечниот извештај ќе го објавиме и во него ќе биде наведено дали навистина постои врска меѓу вакцината и овие компликации. По објавување на извештајот на Израелците ќе им биде дадена најодговорна препорака која можеме да ја дадеме и од родителите ќе зависи дали ќе ги вакцинираат своите деца, вели Алрој-Преис.

Посочува дека штом ова биде одобрено ќе го вакцинира својот 15 годишен син.