Скопски МЗТ Скопје е вториот финалист во македонскиот кошаркарски плејоф и ќе се бори за нова титула против Еуро Никел.
Скопскиот тим вторпат го победи Пелистер сега со 89:78, овој пат на домашен терен и ја доби полуфиналната серија со лидерот од првата фаза на првенството со 2:0.
Олуџоби со 20 и Стојановски со 13 поени беа најдобри стрелци во редовите на победникот, додека во редовите на Пелистер, Стајиќ стигна до дури 30 поени.
foto: gol.mk