сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Потера по вооружен маж во Дордоња откако пукал во полицајци

ФОТО: Потера по вооружен маж во Дордоња откако пукал во полицајци

Жандармеријата е во потрага по вооружено машко лице во Лардин-Сен Лазар, во Дордоња, Франција откако пукал кон полициски службеници, кои интервенирале при семејна расправија, јави дописникот на МИА.

– Синоќа имаше семеен спор со човек кој е вооружен, кога дојде полицијата тој отвори оган. Ние сме во процес на идентификување на ова лице кое е вооружено, изјави префектот на Дордоња, Фредерик Перисат.

Властите побараа од населението да остане во своите домови додека не заврши операцијата. Притоа, според Перисат, е воспоставен безбедносен коридор.