среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Белгија без Де Брујне на ЕП ?

Белгија без Де Брујне на ЕП ?

Можеби Манчестер Сити ќе успееше да израмни во последните 15-тина минути ако не се повредеше играчот од средниот ред на Белгија Кевин де Брујне кој при еден судир со Антонио Ридигер мораше да го напушти теренот поради повреда на лицето.

По мечот тој беше однесен и в болница, а утринава првпат се огласи по страшната повреда што ја доживеа.

„Здраво луѓе, сега се вратив од болница. Мојата дијагноза е акутна скршеница на носната коска и на јагодичната коска. Засега се чувствувам добро. Уште сум разочаран поради вчерашниот натпревар, но ќе се вратиме ние“, порача Белгиецот.

Медиумите во неговата земја тврдат дека тој нема да игра на претстојното Европско првенство кое почнува на 11 јуни. Евентуалното отсуство ќе биде тежок удар за амбициите на белгиската селекција.