петок, 19. април 2024. Вести денес: 0
home Регион

Силен земјотрес регистриран во соседството- еве каде тресеше

Силен земјотрес регистриран во соседството- еве каде тресеше

Земјотрес со јачина од 4,5 степени беше регистриран во близина на грчкиот град Лариса, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот на земјотресот беше на 14 километри југозападно од Еласонас, каде што на почетокот на март годинава беше регистриран земјотрес од шест степени.