Три деца пешаци биле повредени синоќа во сообраќајна незгода во Неготино.
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски денеска информираше дека сообраќајката се случила околу 21 часот на главната улица ,,Маршал Тито”, во централното градско подрачје.
– Сообраќајната незгода била помеѓу „фолксфаген поло“ со неготински регистарски таблички управувано од 35-годишник од неготинско село и три деца – пешаци. Пешаците се здобиле со телесни повреди констатирани во болницата во Неготино, соопшти Додевски.
Бил извршен увид на местото на настанот.