понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Денешен хороскоп- не грижете се платата ќе ги надмине очекувањата

Денешен хороскоп- не грижете се платата ќе ги надмине очекувањата

ОВЕН

РАБОТА: Не потпирајте се многу на другите, туку само на себеси и на сопствената истрајност. Позицијата во која се наоѓате е подобра отколку што мислите. Искористете ја на вистински начин втората половина од денот и реализирајте го она што досега не успеавте.

ЉУБОВ: Можно е сопствената нервоза да ја пренесовте и во врската. Обидете се да ги разделите двете нешта и ќе ви биде многу подобро. Оние во брак можеби планираат проширување на семејството, за што годинава ви е идеална.

ЗДРАВЈЕ: Одлично, но чувајте го.

БИК

РАБОТА: Вашите комбинации конечно ќе почнат да раѓаат добри плодови. Својата енергија погрешно ја користевте и поради некои остри зборови имавте проблеми со колегите. Нештата си доаѓаат в ред, а можно е подобро работно место или нова фирма. Бидете упорни, ќе ви се исплати.

ЉУБОВ: Во наредниот период односот со саканата личност би можеле да ви го нарушат љубомората и инаетењето. Покажете ги емоциите и со малку толеранција ќе ви биде прекрасно. Можна е нова врска.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

БЛИЗНАЦИ

РАБОТА: Во изминатиот период многу работевте или почнавте нов бизнис. Периодов што следува, најдете време за одмор или патување. Вработените ќе имаат корист од странци или од странски фирми. Размислете за преуредување на работниот и на животниот простор.

ЉУБОВ: Нема да имате волја за длабоко емотивно врзување, повеќе ќе ви годат незадолжителни дружења. Постои можност за љубов на работното место.

ЗДРАВЈЕ: Се подобро.

РАК

РАБОТА: Влегувате во период поволен за работата и за финансиите. Ова особено се однесува за оние со приватен бизнис или што планираат да го стартуваат. Од вас многумина ќе бараат некакви услуги или ќе мора да ги менувате плановите поради грижа за член од семејството. Прифатете го предлогот за деловно патување.

ЉУБОВ: Оние што се во брак или во подолга врска проблемот ќе го гледаат во партнерот или ќе се сомневаат во неговата верност. Слободните би можеле да почнат нова врска.

ЗДРАВЈЕ: Сосема добро.

ЛАВ

РАБОТА: Денес ќе имате повеќе среќа од вообичаено, особено во финансиите. На повидок се поголеми непланирани пари, можна е вест за наследство. Шефот или директорот играат со вас некаква игра, не сакаат да ви покажат колку сте им битни.

ЉУБОВ: Личностите од спротивниот пол ве демнат, но цврсто давате отпор, па и ги повредувате. Наскоро ќе имате подобра можност со личност која ви значи, но го криете тоа.

ЗДРАВЈЕ: Можни се мигрени или проблеми со синусите поради нервоза.

ДЕВИЦА

РАБОТА: Ќе мора да направите анализи на досега сработеното. Ќе откриете некоја грешка што ќе се обидете да ја поправите без да дознаат другите. Без оглед на исходот, знајте дека нема да го загубите угледот. Напротив, вашето време доаѓа од средината на периодов. Ќе направите добра подлога за наредните акции.

ЉУБОВ: Ја идеализирате љубовта и од саканата личност очекувате многу. Некои би можеле да раскинат врска, но добро размислете пред да се решите на тој чекор.

ЗДРАВЈЕ: Иако имавте проблеми, здравјето ќе биде се подобро.

ТЕРЕЗИЈА

РАБОТА: Влеговте во еден исклучително интересен период и отсега очекувајте нови деловни понуди и нови познанства, што би можеле да ви го сменат животот. Од вашата волја зависи колку ќе направите. Не слушајте совети од страна, туку својата интуиција.

ЉУБОВ: Можно е ново познанство со личност што доаѓа од странство или е од друга вера, а ја знаете од детството. Оние што досега беа слободни ќе почнат врска која ќе им го разубави животот.

ЗДРАВЈЕ: Јакнете го имунитетот со народни лекови.

СКОРПИЈА

РАБОТА: За многу нешта ќе ви биде потребна помош или ќе работите тимски. Дозволете им на другите да се покажат и на тој начин да одработат дел од вашата работа. Дејствувајте од втор план без да се истакнувате. Периодот е добар за пари, градете го патот на новата работа што ќе ви носи повеќе пари.

ЉУБОВ: Ако сте во брак или во врска, имајте предвид дека партнерот ќе биде подоминантен за да ја тестира вашата љубов и лојалност. На видик е нова љубов за слободните.

ЗДРАВЈЕ: Чувајте се од повреда и појдете на забар.

СТРЕЛЕЦ

РАБОТА: Имате идеи што на другите им изгледаат нереално, помалку зборувајте за своите планови, особено на оние што спаѓаат во просекот. Ќе успеете во своите намери, а потоа ќе следува соодветна парична награда или унапредување. Не се оптоварувајте со ефектите, туку оставете ја фантазијата да работи за вас.

ЉУБОВ: Ова е централна област околу која главно се ќе се врти во вашиот живот. Можно е вљубување, затоа внимавајте ако сте во врска или во брак – ни вие не сте имуни на ова, не играјте се со тужите емоции.

ЗДРАВЈЕ: Чувајте ги грлото и имунитетот.

ЈАРЕЦ

РАБОТА: Некои ваши идеи и деловни планови некои ваши идеи и деловни планови ќе почнат да се остваруваат. Можеби не сте задоволни од роковите, но не грижете се, се ќе си дојде на свое. Се повеќе ќе уживате во работата со која се занимавате. Интересот на другите за вашите услуги ќе биде се поголемо, а со тоа и заработувачката.

ЉУБОВ: Денес би требало да сте исклучително задоволни со својот љубовен живот. Некое ново познанство со лице кое не е од вашиот град би можело да се претвори во тајна љубовна врска, а можна е и средба со некоја поранешна љубов.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

ВОДОЛИЈА

РАБОТА: Работната динамика и евентуалните проблеми во работата полека исчезнуваат, а вие ќе почнете да работите на некој друг деловен предизвик. Промената можеби нема да ви годи во почеток, но наскоро ќе го смените мислењето. Ќе работите повеќе од вообичаено за да се докажете, а некои би можеле да почнат со приватен живот.

ЉУБОВ: На емотивен план следува динамика. Ако сте во врска, ќе имате впечаток дека партнерот не ве разбира, а не размислувате за тоа дали вие нему му го дадовте она што очекувате тој да ви го даде. Бидете малку посамокритични.

ЗДРАВЈЕ: Се подобро.

РИБИ

РАБОТА: Вашата позиција се поправа, но вие како да не сакате да го видите тоа. Периодот е исклучително добар за оние што работат во услужни дејности или во државни институции. Работа ќе има повеќе од вообичаено, но ќе имате впечаток дека не сте доволно платени. Не грижете се, платата ќе ги надмине очекувањата.

ЉУБОВ: Влегувањето на Венера во вашето поле на работа и кариера го поправи односот со шефовите и со колегите. Некој од нив или луѓето што ги среќавате преку работата би можеле да паднат пред вашиот шарм. Ако сте слободни, ќе биде доста динамично, но ако сте во врска, добро проценете.

ЗДРАВЈЕ: Нервоза и чести емотивни осцилации.