сабота, 30. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Од утре во Италија против коронавирусот ќе се вакцинираат сите кои имаат над 12 години

Од утре во Италија против коронавирусот ќе се вакцинираат сите  кои имаат над 12 години

Во Италија од утре почнува вакцинација против Ковид-19 за сите луѓе над 12 години.

Тинејџерите ќе се вакцинираат откако минатата недела Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри деца од 12 до 15 години да се вакцинираат со Фајзер/Бионтек.

На почетокот од годината имунизацијата во Италија почна со бавно темпо поради организациски проблеми и недостаток на вакцини, но сега забрзано се одвива.

Според податоци на италијанското Минситерство за здравство дадени се над 35 милиони дози вакцини, а 12,4 милиони луѓе, речиси 23 проценти од населението веќе се целосно вакцинирани.

Италија беше првата европска земја што се соочи со пандемијата на Ковид-19 и досега регистрирани се над од 126.000 смртни случаи. Бројот на заразени лица во изминатите неколку недели е намален поради што се укинати многу ограничувања, но полицискиот час е во сила, како и ограничувањата за работата во затворени простории, а се носат маски на јавни места. (МИА)