Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
И во сабота времето ќе биде стабилно, сончево и топло.
Во недела во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
Од понеделник се очекува променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.