понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со трактор удрил во ѕид, велешанец тешко повреден

Со трактор удрил во ѕид, велешанец тешко повреден

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 10 часот на крстосницата од ул.„Браќа Кошулчеви“ и ул.„Кирил и Методиј“ во Велес.

-З.П. (63) од Велес управувајќи трактор „имт“ со приколка со велешки регистарски ознаки изгубил контрола и удрил во ѕид, информира МВР.

Во незгодата, велат од полицијата, сопатникот Г.Ц.(59) од Велес се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.