сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Од неговото „Ауди“ пукал во насобрана група луѓе пред продавница – полицијата веднаш тргнала во потрага кога дознала колку години има

Од неговото „Ауди“ пукал во насобрана група луѓе пред продавница – полицијата веднаш тргнала во потрага кога дознала колку години има

Вчера полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Е.А.(19) од Штип затоа што во два наврати, на 02.06. и 03.06.2021 пред продавница на ул.„Черења“ во Штип, каде била насобрана поголема група на граѓани, од неговото патничко моторно возило „ауди“од огнено оружје испукал неколку куршуми, соопштија од МВР.

Во врска со случајот на службен разговор се повикани повеќе лица, а запознаен бил и Јавен обвинител и се работи на целосно комплетирање на случајот, по што против Е.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.