вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

На територија на СВР Тетово изречени 92 санкции за брзо возење

На територија на СВР Тетово изречени 92 санкции за брзо возење

Во периодот од 14 до 20 часот на подрачјето на СВР Тетово денеска е спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што се санкционирани 92 возачи.

Од МВР вечерва информираа дека од вкупниот број 63 се на територија на Тетово, а 29 на територија на Гостивар. Седумдесет и седум возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а 16 за дури над 70 километри на час над дозволената.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, стои во соопштението од МВР. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.