Српската пејачка Цеца освен за роденденот на малиот Жељко, очигледно не штедеше пари и за својот стајлинг вечерта.
Имено пејачката се одлучи да се појави во затегнат корсет истакнувајќи ги градите, како и пантолани во светло розова боја.
Оваа комбинација на пејачката веќе со денови е топ тема во медиумите, па сега се откри и колку пари чини истата.
Цеца за овој дизајн на корсет и пантолани кои го дизајнирал познат српски дизајнер искеширала 850 евра, што е една просечна плата во регионот, пренесуваат српските медиуми.