среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Милвоки го елиминира дрим-тимот на Бруклин

Милвоки го елиминира дрим-тимот на Бруклин

Екипата на Милвоки Бакс гo победи Бруклин Нетс со 115:111 во седмиот меч од серијата и го осигураа своето место во финалето на Источната конференција што е нивно второ финале во последните три години.

Милвоки успеа да дојде до триумф по продолжение откако во регуларниот дел мечот заврши 109:109.

Кевин Дурент беше најдобар на теренот со 48 поени, на кои придодаде уште 9 скокови и 6 асистенции но тоа не беше доволно за победа на Бруклин.

На спротивната страна Антетокумбо реализира 40 поени со 13 скокови и пет асистенции. Во финалето на Истокот, Милвоки ќе игра со подобриот од мечот Филаделфија – Атланта. Моментално таму резултатот е 3:3.