Горан Пандев против Холандија ќе го одигра последниот натпревар за македонската репрезентација.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација во бел дрес ќе се прости од националниот тим.
УЕФА ги објави деталите, со овие дресови ќе играат Македонија и Холандија на ЕУРО.
Пандев вчера изјави дека денешниот натпревар против Холандија ќе биде негов последен во репрезентативниот дрес. Тој го даде деби голот за Македонија на ЕУРО 2020, наш фудбалер е со најмногу настапи и најмногу голови.
-Ова е мој последен меч за Македонија. Мислам и јас и моите колеги, на чело со селекторот Ангеловски направивме нешто што не знам дали некој ќе го направи. Мислам дека сега после ова Европско првенство е вистински момент да се повлечам. Сакам да им посакам на моите соиграчи пласман на СП. Може да ни донесат многу радости на цела Македонија, зашто се работи за квалитетни играчи, кои играат во големи тимови и заслужуваат да играат на едно СП, рече вчера Пандев.