Тимот на Атланта Хоукс ќе игра во финалето на источната конференција во НБА лигата против Милвоки Бакс, откако Јастребите ја добија мајсторката против фаворизираната Филаделфија со 103-96.
Тре Јанг имаше 21 поен (десет поени во последната четвртина) и 10 асистенции, а џокерот на Хокс беше Кевин Хуртер кој постигна 27 поени.
На 76-ките не им помогна добрата игра на Џоел Ембид кој имаше 31 поен и 11 скока. Центарот имаше и осум од 17-те загубени топки на Филаделфија која повторно ги разочара своите навивачи кои очекуваа пласман во конференциското финале.
Потфрли Бен Симонс кој заврши со само пет поени. Атланта има два дена одмор, а в среда гостува во Милвоки на првиот меч од финалето на Истокот.
Монструозното издание на Девин Букер кој имаше 40 поени, 13 скока и 11 асистенции, го предводеше Феникс санс до победа над Лос Анџелес клиперс од 120-114 во првиот меч од западното финале. Букер е трет најмлад играч во историјата на НБА зад Лука Дончиќ и Оскар Робертсон кој направил трипл-дабл во плејофот, во меч на кој постигнал 40 поени. Букер е првиот играч на Феникс после Стив Неш од 2005 година, кој направил трипл-дабл на плејоф натпревар.