сабота, 20. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Дали кинеските вакцини се ефикасни против делта сојот?

Дали кинеските вакцини се ефикасни против делта сојот?

Антителата произведени под влијание на кинеските вакцини против ковид-19 се помалку ефикасни против делтата варијанта на коронавирусот во споредба со другите видови, но сепак нудат заштита, изјави кинески експерт за инфективни болести за државните медиуми.

Делта варијантата на новиот коронавирус, првпат откриен во Индија, станува глобално доминантна и полесно се пренесува, предупреди главниот научник на Светската здравствена организација во текот на минатата недела.

Фенг Зиџијан, истражувач и поранешен заменик-директор на Кинескиот центар за контрола и превенција на болести, го изјави ова пред кинеската државна телевизија, но не даде повеќе детали.

Тој не рече за кои вакцини станува збор, но прецизира дека спаѓаат во категоријата неактивни вакцини, кои содржат „убиен“ вирус, кој не може да се реплицира во човечкото тело.

Пет од седум вакцини развиени од Кина за масовна имунизација се произведени според постапката со деактивниран (мртов) вирус. Тука спаѓаат вакцините од компаниите „Синовак“ и „Синофарм“, кои се користат во нашата земја, како и во Србија, Бразил, Бахреин, Чиле и многу други.

Делта варијантата предизвика инфекција во три града во јужната провинција Гуангдонг, соопштија властите, каде 170 случаи биле потврдени од 21 мај до 21 јуни.