четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Холандија елиминирана, сензацијата на ЕУРО 2020 се нарекува Чешка

Холандија елиминирана, сензацијата на ЕУРО 2020 се нарекува Чешка

Репрезентацијата на Чешка одигра фантастичен меч во рамките од осминафиналната фаза од ЕУРО и го совлада фаворизираниот соатав на Холандија со конечни 2:0 на преполниот стадион во Будимпешта.

Клучниот момент на мечот се случи на стартот од вториот дел кога Матијас Де Лихт играше намерно со рака пред својот шеснаесетник и нормално за тоа доби исклучување, а потоа Чешка тотално издоминира. Поведе преку Холес, а Шик само ја запечати судбината на Холанѓаните.

Чешка во четврфиналето ќе се сретне со Данска.