петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пукање во скопски Петровец по семејна расправија

Пукање во скопски Петровец по семејна расправија

Дваесет и две годишната С.Н.П. од скопско Петровец вчера околу 11 часот пријавила дека на 31 декември додека била на гости кај нејзините кумови во Петровец, дошол нејзиниот сопруг А.П.(23) и се обидел со сила да ја натера да си замине од таму.

-Бидејќи бил агресивен и под дејство на алкохол, таа одбила да си замине, по што тој фрлил стаклено шише кон неа и ја удрил по рака. Малку подоцна, С.Н.П. заедно со нејзините родители, се упатиле на нејзината домашна адреса со цел да земе некои лични работи. Додека била внатре во куќата, слушнала неколку истрели од огнено оружје и кога излегла од куќата, на нејзините родители им кажала дека А.П. испукал неколку куршуми во воздух, информираат од полицијата.

Се преземаат мерки за целосно рачистување на случајот.