На 01.07.2021 во 20:32 часот А.В.(28) од с.Грчец, скопско, пријавил дека во с.Грчец во близина на неговиот дом, неговиот роднина Е.В., со кого не биле во добри односи, кој се движел со патничко возило „опел астра“, од огнено оружје испукал во воздух неколку куршуми.
Во 22:20 часот А.В. повторно пријавил дека членови од семејството на пријавениот телефонски му се заканувале.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.