четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Завршена операцијата на папата Франциск, се чувствува добро

Завршена операцијата на папата Франциск, се чувствува добро

Операцијата врз папата Франциск е успешно завршена и тој се чувствува добро, соопшти Ватикан.

Папата Франциск беше примен во римска болница вчера попладне поради закажана операција на дебелото црево.

Портпаролот на Ватикан Матео Бруни изјави дека 84-годишниот папа страда од „симптоматска дивертикуларна стеноза“ на дебелото црево.

Операцијата беше извршена во римската болница Гемели, институција каде се лекуваат папите.

Првпат папата Франциск беше примен во болница откако беше избран во 2013 година.