четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УХМР НАЈАВУВА ГОЛЕМО РАЗОЧАРУВАЊЕ – еве ја деталната временска прогноза за цела недела и викендот

УХМР НАЈАВУВА ГОЛЕМО РАЗОЧАРУВАЊЕ – еве ја деталната временска прогноза за цела недела и викендот
илустрација

До петок времето ќе биде сончево и многу топло, а веќе од петок и за време на викендот се очекува локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Времето утре ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во среда времето ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец.

Во четврток времето ќе биде Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Во петок времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Дневните температури до петок ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 39 степени, а за време на викендот ќе има благ пад и на минималните и на максималните температури.

Најнови вести