четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нема нови мерки против ширењето на делта сојот

Нема нови мерки против ширењето на делта сојот

Од 12 јули сите заинтересирани граѓани ќе можат да се вакцинираат без закажан термин. Министерството за здравство соопшти дека паралелно ќе се вакцинираат и оние кои веќе се пријавиле преку страницата vakcinacija.mk и кои веќе добиле термини.

-Секој кој сака да се вакцинира слободно може да оди во пунктовите за вакцинација без термин, наведуваат од министерството за здравство.

Во меѓувреме, ревакцинацијата со втората доза ќе се изврши во спортските сали. Вакцинацијата на терен започнува следната недела. До петок, здравствените центри мора да состават план и организација за секој ден, со местото и времето за теренска вакцинација. Граѓаните кои ќе ја примат првата доза на мобилниот пункт за вакцинација, на ист начин и ќе бидат повторно вакцинирани. Во меѓувреме, нема нови ограничувачки мерки против ширењето на индиската варијанта „Делта“ на корона вирусот. На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, членовите не предложија нови превенции. Тие сметаат дека состојбата е стабилна.

Некои европски земји повторно воведоа ограничувања поради ширењето на овој мутиран сој. Експертите сметаат дека за да се заштити населението и да се избегне масовно ширење на оваа мутација, потребно е да се вакцинираат 80-85% од популацијата. Нашите власти предвидуваат дека колективниот имунитет ќе се постигне до крајот на летото, кога бројот на вакцинирани ќе достигне до 70%.

Најнови вести