четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Телата на жртвите оставени покрај возилото: Фотографии од тешката сообраќајка во Смедерево, автомобилот целосно смачкан

Телата на жртвите оставени покрај возилото: Фотографии од тешката сообраќајка во Смедерево, автомобилот целосно смачкан

Рано утрово во Смедерево се случи ужасна сообраќајна несреќа, во која загинаа три лица.

Имено, дошло до судир на автобус со белградски регистарски ознаки и патнички автомобил. Возачот, совозачот и патникот од автомобилот ги загубија животите.

Неколку патници во автобусот се повредени, а медицински екипи им пружаат помош.

Според првичните информации кои ги пренесува Пинк, судирот се случил кога автобусот преминал на спротивната лента и се судрил со автомобилот.

Како што може да се види на фотографијата од местото на настанот, автомобилот е целосно смачкан, додека големи штети се предизвикани и во автобусот.

Телата на жртвите биле покрај автомобилот.