четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Две лица повредени во судир меѓу моторцикл и автомобил

Две лица повредени во судир меѓу моторцикл и автомобил

На 10.07.2021 во 11,45 часот било пријавено дека на Регионалниот пат Волковија-Тетово се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „дукати“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Д.Р.(21) од с.Радиовце и автомобил “голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.А.(29) од с.Ново Село.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од моторциклот Н.А.(19) од с.Радиовце, а со телесни повреди се здобил моторциклистот констатирани во Клиничката болница Тетово, информираат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.