На 11.07.2021 полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци лишиле од слобода малолетник, кој на подрачјето на Кавадарци сторил шест кривични дела – разбојнички кражби, тешки кражби и кражби, главно извршени во куќи.
Извршен е разговор со малолетникот во присуство на Јавен обвинител, социјален работник, адвокат за деца и инспектор по детско престапништво.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.