Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман зборуваше за целите на клубот од Минхен за новата сезона.
– Ќе се обидеме да ја освоиме десеттата титула по ред и да постигнеме максимален успех во Лигата на шампионите и Купот на Германија. Ние сакаме да ги освоиме сите титули што можат да се освојат, изјави Нагелсман за „Билд“.
Триесет и тригодишниот тренер минатата сезона работеше со Лајпциг. Во Баерн го замени Ханс-Дитер Флик, кој ќе седне на селекторското место во германската репрезентација.