недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тинејџер тешко повреден, со автомобил излетал од патот

Тинејџер тешко повреден, со автомобил излетал од патот

На 14.07.2021 во 05:50 часот било пријавено дека на пат кај место викано „Говедарски пат“, во близина на млин во Дебар, У.М.(18) од Скопје, управувајќи патничко возило „сузуки“, со дебарски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Во незгодата, на возачот му биле констатирани тешки телесни повреди во Општата болница – Дебар.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициска станица Дебар.