Во петтиот обид да стигнат до европската титула ракометарките на Вардар се враќаат со второ сребро од Ф4 турнирот во лигата на шампионите.
Вардар мораше да игра продолженија исто како и лани, и сега дури по дополнителните 2х5 минути ни избега златото. Ѓер триумфираше со 27-26 (20-20, 9-9)
-Се подготвувавме за овој натпревар цела сезона, но на крај не успеавме. Горда сум на ракометарките, се бореа и реализира се што беше договорено, но на крај не успеавме. Вечерва немавме среќа, на девојките им поскаувам среќа во иднина. Горда сум на девојките и благодарна што бев тренер на овој тим, изјави Ирина Дибирова тренерот на Вардар на прес конференцијата.