вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Глупост или пробен балон за знамето

Глупост или пробен балон за знамето

 

Која беше намерата на Заевци со утката на знамето во логото за независноста? За она на „С„ е повеќе од јасно, тука нема дилема дека безрбетност и идиотизам се причината. Но за знамето, дали глупост нова ги наваса или некој по навика пак си пушта пробни балони? Недоумицата голема, затоа што и двете работи толку многу им прилегаат. Можеби е и две во едно, глуп пробен балон.

Ајде, да се потсетиме… 19-ти мај, лето Господово 2018-то. Тогаш новопечениот, демек премиер Заев почнува на ангро да ги враќа долговите за назначување на позицијата на која никогаш не ни требаше да се најде, па излегува со пробен балон за името. Се вика Илинденска Македонија. Име, кое во себе го соддржи Илинден, име кое ниту еден Македонец не може да го одбие? Или, сепак, може? Евтина, комуњарско-сороспијско-ридска психологија.  Mуртинхаузен се пенави: „Република Илинденска Македонија е решение за кое сум подготвен да водам напред, приклучете се!“

Ццццц. Малку подоцна, во истото „соопштение“, истиот тој Муртинхаузен вели: „Со ова можно решение го чуваме достоинството, го потврдуваме и го зајакнуваме нашиот идентитет македонски.“ Хаххахаааа, ви текнува на едната те иста карта на која копукот црпнат игра со години???

И што потоа??? Епа, најбезрбетниот Македонец во историјата, на истиот тој 19. мај 2018-та срочува:  „Ќе прифатиме севкупна употреба на името Република Илинденска Македонија како и заради зајакнување на меѓуетничката кохезија. Спроведувањето на употребата на новото име за внатрешна употреба би се реализирало во фази, етапно, онака како што ќе напредуваме низ преговорите за членство во ЕУ, а ќе се обезбеди преку референдум и преку уставни амандмани…“ Идиотски реминисценции, ама толку бедно вистинити…

Хмммм, а ви текнува на еден договор, капитулација ли, замотана со со едни те исти фрази и финти кои марионетката ги користи повеќе од пола деценија? И случајно, ИСТИ и СИТИ ги има сититe/истите букви, нели? Ех, таа, иста те сита за некого Преспанска капитулација со ситите/истите  ветувања ко за Илинденска/Северна, истиот/ситиот  тој пион ЗЗ ја наметна саде еден месец подоцна, ви се верува? Аха. Најкорисниот идиот во светот кој со Илинденска го подготвуваше македонскиот народ за Северна, само по еден/беден месец на 18 јуни 2018-та година го потпиша капитулантскиот договор со Грција. А Македончето (не Македонецот!) со меморија на златна рипка, класика. Три секунди ли беше? Јок, многу е. Една до две во нашиот случај…

А види-види, сега така случајно го утнаа и знамето на логото за 30-годишнината од независноста?!?!?! Или, поверојатно, ова пак е некоја увертира, пробен балон во нова, најнова авантура на далаверџијата од Муртино? Старт на ветувањата кон Ахмети ли, за онаа Тиранска платформа која постоеше само во главите на патриотите?

Велат, не верувајте им на Северџаните ни дарови кога носат. Оти  ја делат истата семка со Данајците. Кога „грешат“ пак, уште помалку. Да, нешто одамна смрди, копа и труе во државата македонска. А, не ќе да е Дрисла… Да ме излажеш еднаш, срам да ти е. Ако ме излажеш двапати, срам да ти е. Аха, а што бива кога некој со IQ33 ќе ве излаже сто пати???

И побитно, што бидна со срамот во прикаската? Срам? Кој срам во Македонија? Па таму се’ е супер, рози цветаат во северната држава од Западен Балкан, дел од Југоисточна Европа. А Фројд, тој пред цел еден век вели дека отсуството на срам е прв и основен предзнак за нечија глупост. „Врлина“ која во Македонија цели четири години е најблагодет и ултра предуслов за напредок/работа/унапредување.

Илинденска беше пробен балон, резултатот го знаеме. Којзнае што ќе испадне од знамето. Ова ќе му биде „трета мајка“. Иако, реално, на актуелнава гарнитура најмногу и стои бело знаме. Празно, ко нив. Башка, нон-стоп мавтаат со него и на секое национално поле само се предаваат. На страна што белото асоцира на север, на студ, снег. Ултра контрадикторни и парадоксални вљубеници во бели знамиња и линии, кои толку многу заслужуваат црвен картон…