четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Млади момчиња повредени во сообраќајка во Куманово

Млади момчиња повредени во сообраќајка во Куманово

На 15.07.2021 околу 12.55 часот на крстосница од ул.„Бајрам Шабани“ и ул.„Томко Димков“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(25) од Куманово и мопед „априла“, со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Ј.(23), каде сопатник бил М.Б.(18), и двајцата од Куманово.

-По незгодата М.Ј. и М.Б. биле пренесени во Општа болница Куманово, каде на М.Ј. му се констатирани тешки телесни поврeди, а на М.Б. му се констатирани повреди, информира МВР.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.