среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заврши состанокот на Комисијата за заразни болести – нема да има нови рестриктивни мерки

Заврши состанокот на Комисијата за заразни болести – нема да има нови рестриктивни мерки

Утринава Комисијата за заштита на населението од заразни болести по разгледувањето на моменталната епидемиолошка состојба одлучи дека нема да има воведување на дополнителни рестриктивни мерки како заштита од коронавирусот во Македонија.

Утринава по изложувањето на епидемиолошката состојба од страна на претседателот на Комисијата, доктор Жарко Караџовски, не се дискутирало за нови мерки и било заклучено дека главниот државен фокус треба да биде ставен на имунизацијата на населението.

Значи и понатаму се дозволени свадби на отворено и затворено, а заштитна маска се носи само во затворени простории. Нема да се бара задолжителен ПЦР тест за сите што влегуваат во земјава од земји со висок ризик каде делта варијантата е рапидно распространета.

Најнови вести