среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен скопјанец, кај Бит Пазар нападнал сограѓанин

Приведен скопјанец, кај Бит Пазар нападнал сограѓанин

На 18.07.2021 во 12:00 часот на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници го лишиле од слобода А.А.(49) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“, казниво по член 386 од Кривичен законик.

Претходно, Н.А.(37) од Скопје пријавил дека околу 11.00 часот во зграда на подрачје на Бит Пазар, по претходна расправија, бил физички нападнат со тврд предмет од А.А..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.