петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Прилепчанец тешко повреден: Со велосипед удрил во паркиран автомобил

Прилепчанец тешко повреден: Со велосипед удрил во паркиран автомобил
илустрација

На 20.07.2021 во 23.50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Димо Наредникот“, велосипед управуван од З.Б.(43) од Прилеп удрил во паркирано патничко возило „пежо 206“, со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Д.К.(46) од Прилеп.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.