Директорот на болницата во Струга, Арменд Арслани, кој е и поранешен заменик-министер за здравство, покажува голема недоговорност на работното место.
Тој е доктор по општа медицина и специјализант по урологија и уролошка хирургија. Како доктор многу добро знае дека Македонија е далеку од победа над коронавирусот и дека мерките за заштита во затворен простор не се укинати. На работа во болницата си доаѓа и седи без маска.
И не е сам во таквото прекршување на протоколите. Вработените исто така се однесуваат како пандемијата да е завршена, па во болницата седат целосно незаштитени.