понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

При претрес во дом во Кичево, пронајдени 13 ќеси со марихуана- едно лице заврши во затвор

При претрес во дом во Кичево, пронајдени 13 ќеси со марихуана- едно лице заврши во затвор

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.С.(26) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При претрес во неговиот дом во Кичево биле пронајдени и одземени 13 ќеси со марихуана.

На него му била одредена мерка притвор и бил спроведен во Казнено поправната установа „Затвор Битола“.