недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Засилени контроли во Куманово: 22 возачи санкционирани за непрописно престигнување

Засилени контроли во Куманово: 22 возачи санкционирани за непрописно престигнување

Полициски службеници од СВР Куманово денеска од 07 до 12 часот спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои непрописно престигнуваат на територија на СВР Куманово, при што санкционирани се 22 возачи.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.