понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава за маж кој пред две години беше фатен со дрога

Кривична пријава за маж кој пред две години беше фатен со дрога

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.С.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори“.

На 10.05.2019 на регионалниот пат Маврово – Дебар, полициски службеници извршиле преглед на лица и патничко возило „мерцедес“, кое го управувал пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.