Фајзер најави дека наскоро ќе започне со тестирање на својата вакцина против Ковид-19 на бебиња.
Фармацевтската компанија, заедно со својот германски партнер, креаторите на првата вакцина против Ковид-19, ќе тестираат 4.500 деца волонтери на повеќе од 90 локации во САД, Финска, Полска и Шпанија.
Децата на возраст од 5 до 11 години ќе добијат две дози од по 10 микрограми, што е приближно една третина од дозата што се користи за тинејџери и возрасни. Некои ќе добијат плацебо инјекции.
Тестирањата за шестмесечни бебиња ќе започнат за неколку недели и тие ќе добијат доза од 3 микрограми.
До септември може да се очекуваат резултатите за деца од 5-11 година, додека за помладите подоцна.