Женската фудбалска репрезентација на САД која ја предводи Македонецот, Влатко Андоновски, загуби во полуфиналето од Канада со 1-0.
Целта на Американките беше златото на овие Олимписки игри, но тие не стигнаа ни до финалето.
Канада победи со 1-0 со гол на Флеминг во 74. минута од натпреварот од пенал.
САД ќе игра за бронзениот медал со поразениот од второто полуфинале Австралија – Шведска.