недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола по поразот од Лестер ја критикуваше ФИФА и УЕФА

Гвардиола по поразот од Лестер ја критикуваше ФИФА и УЕФА

Со голот на Келечи Инхеначо тимот на Лестер стигна до трофејот иако Сити беше голем фаворит во овој меч/

Пеп Гвардиола после натпреварот ги критикуваше УЕФА и ФИФА, обвинувајќи ги дека тие се виновни затоа што неговата екипа не е подготвена .

„Повторно доцниме затоа што УЕФА и ФИФА не овозможија одмор на фудбалерите. Чекам да ми дојдат седум-осум играчи. Родри одработи само два тренинзи, Лапорта е во изолација…Ќе мора да бркаме резултати и покрај тоа што не сме на нашето највисоко ниво. Така минатата година изгубивме од Вулверхемптон и примивме пет голови од Лестер“, изјави Гвардиола.

Сезоната во Англија започнува наредната недела, а Сити одбраната на титулата ќе ја започне на гости кај Тотенхем во Лондон.