Можноста за нов целосен карантин во Грција наесен, ја отфрли грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на денешната прес конференција, а паралелно изрази загриженост за намалениот број дневни вакцинации, јави дописничката на МИА од Атина.
Иако прес конференцијата беше за пожарите, сепак грчкиот премиер одговори и на прашања поврзани со ситуацијата со пандемијата во земјата.
-Нема да одиме на нов локдаун. Нема вакцинираните да платат за невакцинираните. Економијата ќе функционира, опшеството ќе остане отворено, а одговорот на проблемот со мутацијата Делта не е локдаун, туку вакцинацијата, рече грчкиот премиер.
За намалениот број дневни вакцинации рече дека е нешто што го загрижува, но додаде дека можеби тоа е поради летните одмори и истакна дека по 20 август кога веќе сите ќе почнат да се враќаат, Владата ќе направи нови напори да ги убеди граѓаните да се вакцинираат.